март 5, 2015

Њујорк, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Економските загуби како резултат на природните катастрофи како земјотреси, поплави, суши и циклони, достигнаа годишен износ помеѓу 250 и 300 милијарди американски долари, покажува извештајот на ОН, кој беше објавен вчера.

Во извештајот на Канцеларијата на ОН за намалување на ризици од катастрофи, се проценува дека со годишната инвестиција од шест милијарди долари, ќе се намали ризикот, јавува АП.

Специјалниот претставник на ОН за намалување на ризици од катастрофи, Маргарета Валстром, рече дека “извештајот е повик за будење за земјите да ги зголемат своите инвестиции во решенија кои ќе го зајакнат отпорот на природни катастрофи”.

Таа додаде дека ова ќе биде една од главните теми на конференцијата на ОН за глобалното намалување на ризикот од катастрофи што ќе се одржи во Јапонија од 14 до 18 март. (Крај)

извор: АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука