Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец доби нова и комплетно опремена сензорна соба.
Се очекува истата да придонесе за да се подобри совладувањето на наставните содржини и вклучување на сите деца во образовниот систем. Со тоа ќе се исполни уште една од образовните цели, а тоа е целосна инклузија во образованието.
Свеченото отворање е закажано за денеска, четврток, 29-ти февруари 2024 година, во 17:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1