ноември 16, 2021

Охрид, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Христо Узунов“ од Охрид доби современо опремен кабинет по хемија, биологија и Природни науки.

– Инвентарот е специјално дизајниран за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овие предмети, за изведување на експерименти и подготовка на проекти. Опремувањето на овој кабинет е во рамките на новиот концепт и новите програми за основно образование, при што МОН ги подобрува капацитетите со обезбедување на потребни ресурси при изведување на наставата и другите дополнителни активности од природната група предмети, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука