Опозицијата ја бојкотира работата на градскиот Совет

Охрид, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што најавија пред 10-на дена, советниците од ВМРО ДПМНЕ денеска ја бојкотираа работата на градскиот совет.

Координаторот на советничката група, Кирил Пецаков истакна дека причината е поддршка за притворените уставобранители за настаните кои се случија во македонското собрание на 27-ми април. Меѓу притворените се и двајца пратеници од Охрид. Пецаков рече дека бојкотот ќе трае заклучно со денот додека не бидат ослободени нивните притворени пратеници.

vmrobojkot

vmrobojkot2

Советниците од позицијата продолжија со седницата на која на  дневен ред беа предлог одлуките за разрешување на членови во управните и надзорните одбори во охридските јавни претпријатија и именување нови. Пред советниците се најде и Предлог одлука за надоместок на трошоци на организаторите на изборната кампања за локалните избори, кои се одржаа на 15-ти октомври.
Советникот Мишел Силјаноски рече дека јавните претпријатија мора редовно континуирано и непречено да функционираат, па за таа цел приоритет е да се именуваат членови во управните и надзорните одбори.

И покрај напуштењето на седницата од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ, сите предвидени точки од дневниот ред беа усвоени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top