октомври 30, 2017

Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата скитници на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување, а ќе се бара и трајно решение за определување локација за стационар, истакна градоначалникот Јован Стојаноски.

На денешниот состанок присуствувале претставници на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, „Охридски комуналец“, „Анималија“ и полицијата.

sredbaproblemkucinja– Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од ЈП „Охридски комуналец“ за справување со овој проблем. Проблемот не е краткорочен и може да трае дури и во целиот мандат. Па, затоа мора со заеднички сили на сите граѓани на Охрид,  а во наредниот период заедно и со граѓаните од Дебрца, Струга и Ресен заеднички да го решаваме овој проблем со кучињата бездомници, потенцира Стојаноски.

Со вакви помали проекти ќе покажеме дека пристапуваме кон решавање на проблемот, кој не може да се реши наеднаш, а има и законски обврски кој мора да ги испочитуваме. Стојаноски рече дека полицијата треба да ја засили контролата, за да се види дали навистина кучиња скитници се носат од други градови.

Во моментов Охрид нема служба за третман на бездомните кучиња и таа што формално постои во рамки на ЈП „Охридски комуналец“ не функционира.

mirjana lozanoskaСпоред Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, ова би било прва фаза во третирање на проблемот. Со оглед на тоа што повеќе општини го имаат овој пробле, втора фаза би било барање соодветна локација и изградба на регионален стационар.

komentarikucinjaПроблемот со кучињата скитници во Охрид е тема која предизвикува бурни реакции и на социјалните мрежи.

– Крајно време беше да се реши овој проблем; Супер и поддршка за акцијата, се само дел од коментарите на охриѓани по најавата дека новата локална самоуправа има сериозна намера да се справи со овој проблем.

Супер радио и OhridPress неодамна испратија јавен апел до новата локална власт во Охрид конечно да се реши овој проблем, затоа што кучиња веќе подолг период наназад се забележуваат и на градскиот плоштад, во стариот дел на градот, низ охридската чаршија и низ улиците во центарот на градот. Охриѓани оправдано се загрижени за својата и безбедноста на своите деца, особено што често пати кучињата се врткаат околу и во училишните дворови. Спасот го гледаат во изградба на стационар за згрижување на кучињата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука