јануари 18, 2022

Охрид, 18. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави конкурс за доделување стипендии за талентирани ученици од прва година запишани во охридските средни училишта.

Право на стипендија за талентирани ученици од прва година имаат кандидатите кои учат во средните училишта во општина Охрид или се ученици, жители на општина Охрид кои учат во друга општина во јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид.

Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2021/2022година.

Конкурсот и правилникот може да ги прочитате на следниот линк.

Рокот за аплицирање е до 6-ти февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука