март 16, 2020

Струга, 16. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес во општина Струга се одржа итна средба со раководителите на локалните институциите за преземање мерки за превенција на вирусот KОВИД-19.

На состанокот беа донесени овие заклучоци:

1) Да се почитуваат сите превентивни мерки и препораки донесени од Владата и Министерствотот за здраство

2) Да се затвори граничниот премин „Ќафасан“

3) Да се избегне движење во групи

4) Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во самоизолација од 14 дена во нивниот дом и да избегнуваат контакт и посети со членови на семејството или други лица, и да пријават на 070/723-029 доколку почувствуваат симптоми

5) Да се формира мобилна екипа кој ќе им стои на располагање на граѓаните 24/7

6) Да се врши дезинфекција на неколку клучни точки во градот, на сите јавни површини, улиците и и шеталишта, како и влезот на Општата Болница, влезот и излезот на Зелениот пазар и други точки кои се често фреквентирани.

7) Да се забрани влезот на странки во просториите на Општина Струга на неопределено време до понатамошно известување од страна на Владата, освен за итни случаи, со тоа што странките треба да се обратат на шалтер, да се јават на телефонскиот број 046 781 223 или да ни пишат на официјалната веб-страница на општината http://www.struga.gov.mk/write-to-mayor/

8) Пациентите од Дебар кои бараат да се лекуваат во Општата Болница во Струга прво ќе треба да добијат дозвола и препорака (со потпис) од тројца лекари и епидемиолог од Општата Болница во Дебар за да се избегне можно пренесување на вирусот КОВИД-19.

9) Територијална противпожарна единица да биде мобилна и на располагање на граѓаните 24/7. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука