мај 17, 2017

Струга, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот на заедницата на општина Струга како дел од своите предвидени активности за 2017 година, во рамките на акцискиот план за млади на Oпштина Струга втора година по ред објавува Конкурс за најдобар есеј.

Целта на конкурсот е да се поттикнат младите за нивната улога, нивните потреби и нивното место во општината. Заинтересираните учесници можат да ги поднесат нивните есеи на една од двете теми: „Јас како активен граѓанин во општината“ и „Општина по моја мерка“.

Се очекува учениците преку нивните есеи да покажат знаења од областа на локалната самоуправа, процесот на децентрализација и начините на вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки во Општина Струга.

Учесниците треба да бидат на возраст од 15-20 години, да се жители на општина Струга. Есеите треба да бидат напишани на македонски или албански јазик и не треба да бидат повеќе од 3 стандардни страни.

Поднесените есеи треба да бидат придружени со следните информации: Име и презиме на авторот, Електронска пошта, Телефонски број и Училиште/ Факултет. Треба да бидат пратени по електорнски пат на katerina.talevska@ccstruga.mk со назнака Конкурс за есеј. Краен рок за поднесување на есеите е 31 мај.

Центарот на Заедницата на општина Струга ќе ги награди првите шест најдобри есеи (три на македонски јазик и три на албански јазик) со книги во износ од 6.000 денари за првото место, 5.000 денари второ место, 3.000 денари за трето место. Наградите ќе бидат доделени на јавен промотивен настан организиран од страна на Центарот на заедницата на Општина Струга кој ќе се одржи на 7 јуни во просториите на Сала на Совет на општина Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука