јуни 15, 2017

Струга, 15. јуни 2017 ( ОХРИДПРЕС) – Осмата ликовна колонија „Вевчански видувања“ ќе биде отворена на 24-ти јуни (сабота) во ресторанот „Виа Игнација“ во живописното Вевчани.

Учество ќе земат 30-на реномирани уметнички имиња од земјава и странство.

На отворањето на годинашното издание на колонијата,закажано за 21:00 часот, ќе настапи кралицата на хрватските шансони, Тереза Кесовија.

Вевчанската ликовна колонија низ годиниве на постоење стана препознатлива и прочуена културна манифестација ширум светот. Дела од оваа колонија во месец април беа изложени во Москва, како дел од манифестацијата „Арт – Балкан 2017“. Претходно, слики од колонијата беа претставени на меѓународни изложби во Подгорица, Софија и Њујорк. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука