мај 27, 2023

Охрид, 27. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со денешните случувања околу полагањето државна матура, како институција засегната во случајот со нашата ученичка сакаме да ја информираме јавноста дека искрено жалиме што се случи ваков несакан проблем и наша заложба е да помогнеме и да излеземе во интерес на матурантката и родителите, стои во официјалното соопштение од ОСУ „Св. Климент Охридски“, откако денеска беше објавена информација дека матурантка од охридската гимназија ја нема на списокот за матура, по што родителите побараа oдговорност.

– Сакаме да потенцираме дека списоците за верификација на податоците за државна матура беа доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ. И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции. На ученичката ќе и’ биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија, стои во соопштението. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука