Отворена изложбата на македонски уметници по повод Прличевите беседи 2017

Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во рамките на чествувањата по повод Прличевите беседи, беше отворена Изложбата на дела на македонски уметници.

 izlozbarodokrajni2

Изложбата е избор на дела од уметниците кои во изминатите години изложувале во центарот за култура во Охрид. Изборот на делата за изложбата го направи Славко Упевче.

izlozbarodokrajni3

Застапени се дела на Владимир Младеновски, Неда Петковиќ, Љубен Цветкоски, Славица Танеска, Никола Гроздановски – Коле, Зоран Карабуњиштанов, Мирослав Крстевски – Миро, Марија Ветерова, Мирослав Масин, Јонче Симонче и други. Најголем дел од делата се во техника туш, масло на платно, масло на картон, комбинирана техника, пастел, линорез.

Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 15-ти февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top