септември 23, 2017

Струга, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС)  – Во НУ „Музеј д-р Никола Незлобински“ во Струга е отворена изложбата „Водни животни“, со која се одбележуваат Европските денови на културното наследство.

Изложени препарирани водни животни, а автор е препаторот во Музејот, Васко Јолески, за кого ова е прва самостојна изложба.

Изложбата е поставена во  Природно – научниот музеј, а посетителите ќе имаат можност да ја погледнат до 28-ми септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука