октомври 31, 2021

Скопје, 31. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на вториот круг од Локалните избори денеска можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија 0800-54321, а ќе функционира од 07:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје), како што соопштуваат од канцеларијата на Народниoт правобранител, ќе бидат и подрачните канцеларии во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044/344-082, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Куманово 031/431-488, Струмица 034/329-996 и Штип 032/389-701.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Избирачкото право, како што потенцира народниот правобранител, е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука