јуни 1, 2023

Охрид, 1. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид денеска се одржа ден на отворени врати за учениците од завршните одделенија од основните училишта во Охрид.

– На овој отворен ден учениците имаа можност да се запознаат со сите струки и профили кои се изучуваат во нашиот центар. На учениците од основните училишта им беа презентирани просторните услови за изведување на теоретската настава и кабинетите каде се изведуваат практичните вежби, информираат од училиштето.

Во рамките на отворениот ден своја презентација имаа и компаниите кои се партнери на OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ при спроведувањето на концептот на дуално образование. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука