јануари 27, 2015

Охрид, 27. јанаури 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во  рамките на предвидените активности  како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, ОУ „Братство Единство“ од Охрид, ќе организира „Отворен ден“.

Настанот ќе се одржи денес во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“, со почеток во 16:00 часот.

ОУ „Братство Единство“ е избрано како модел училиште, а во рамките на настанот ќе стане збор за Промоција на училиштето и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука