октомври 18, 2021

Охрид, 18. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОУТУ „Ванчо Питошески“ денеска го одбележува патрониот празник, а воедно и голем јубилеј, 60 години постоење на установата.

На овој патронен празник нашето училиште одбележува шест децении постоење, богата и долга традиција на образовен подем со мисија на стекнување знаење стручност и креативност, вели директорот на училиштето Марјан Радески.

– Со посебна почит и пиетет оддаваме признание на нашиот патрон народниот херој Ванчо Питошески. Неговото дело достојно го почитуваме, а неговиот сон гордо го живееме. Задоволни сме од сите постигнати резултати изминативе шест децении.

Нема достапен опис

Регионалниот центар за стручно образ и обука е единствено училиште во поширокиот регион во кој се образуваат стручни кадри подготвени да го продолжат образобванието, но и директно да се вклучат во угостителско-туристичката дејност.Нашите обраовни профили се така дефинирани да можат да одговорат на барањата на современото угостителство и туризам. Верувам уште многу генерации ученици и професори ќе придонесуваат во неговото издигнување. Нека траат нашите чествувања како ликот и делото на нашиот патрон, потенцира Радески.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Иако во услови на пандемија, минатата година учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ реализираа низа активности во рамки на практичната настава во кабинетите по готварство и послужување.

Ученици од ова училиште постигнуваат награди и врвни резултати на бројни натпреавари. Лани бронзен медал освоија за филмот „Мој живот, моја цел“ на МАССУМ, а забележителни резултати постигнаа и годинава на државниот натпревар „Образовно рандеву 2021“ на МАССУМ.

Последен голем успех беше освојувањето на два медали за ученици од „Ванчо Питошески“ на меѓународен гастро натпревар во Златибор Училишните тимови освоија златен медал во област готварство и сребрен медал за презентација на туристички аранжмани на тема рурален туризам.

Два медали за ученици од „Ванчо Питошески“ на меѓународен гастро натпревар во Златибор

Инаку, училиштето е формирано со решение бр. 05-80117/1 од 10 септември 1960 година од страна на Народниот одбор на општината Охрид, како стручно угостителско училиште со практична обука.
Како образовна институција училиштето се верифицира со решение бр. 07-691 на 14 јуни 1963 година од страна на Советот за просвета на СР Македонија со задача да подготвува кадри со општопризнат степен на стручно образование во ранг на квалификуван работник во угостителството за занимањето готвач, келнер и портир.

Во учебната 1961/62 година запишани биле 35 ученици, чие образование траело 2 години. Првите предмети кои се предавале во училиштето биле: послужување, готварство, организација на угостителството со хотелиерство и странски јазик.

Во јули 1964 година е предаден во употреба хотелскиот дел на училиштето кој се користи како ученички дом, а преку летниот период во комерцијални цели. Тоа беа почетоците, скромни, но со голема верба дека токму оваа воспитно-образовна институција игра значајна улога во развојот на туризмот, како во регионот, така и пошироко во државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука