Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Живко Чинго“ од село Велгошти оваа среда, 20-ти март, ќе го одбележи патрониот празник.
Свеченостите ќе започнат од 17:30 часот, со полагање свежо цвеќе на бистата на Живко Чинго во училишниот двор. Од 18:00 часот во спортската сала „Тодор Александров“ започнува приредбата, што опфаќа драматизација на македонска народна приказна, ритмички точки, рецитал, а ќе бидат доделени и наградите од литературен и ликовен конкурс, како и од натпревари.
Поздравно обраќање пред присутните ќе има и директорката Љубица Ангелоска Кркачоска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1