декември 6, 2023

Охрид, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма, ОСУ „Св. Климент Охридски“ и годинава ќе го одбележи Патрониот празник на училиштето.

Вечерва, од 17:00 часот во холот на Гимназијата ќе се одржи сввечено доделување на наградите од училишниот конкурс по повод патрониот празник. Ќе биде отворена и изложба со ликовни творби.

Во четврток, на 7-ми декември 2023 година, од 08:30 до 09:30 часот, во холот на Гимназијата ќе се одржи драмска изведба „Одбраната на Сократ“ во организација на Активот по филозофија и дебата во организација на Дебатниот клуб при училиштето. Од 10:00 часот предвиден е историски час, а од 19:30 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Свечена Академија во заедничка организација на Општина Охрид и Гимназијата, по повод Патронот на Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука