март 2, 2015

Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новите надежи од стрелачките клубови „Охрид“ и „Лихнидос“ успешно ја започнаа сезоната со нивното учество на првиот Куп со воздушно оружје во национална програма што се одржа викендов на стрелиштето во Битола.

Во екипна конкуренција пионерките од клубот „Охрид“ го освоија првото место со резултат од 469 кругови. Екипата ја сочинуваа Симеона Милеска, Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска.

Второто место во екипен пласман им припадна на пионерките од клубот ,,Лихнидос“ Луана Попоски, Мила Василеска и Срна Аголи.

Во поединечен пласман охридската стрелачка Симеона Милеска во поединечна конкуренција се пласира на второто место со резултат од 165 кругови, а Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска ги зазедоа петтата и шестата позиција со резултати од 155 односно 149 кругови.

На овој натпревар учествуваа над 30 стрелци од Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука