Охрид, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Наместо викендов, охридските ракометари вечерва ќе ги одмерат силите со Еурофарм Работник на домашен терен, во салата „Билјанини извори“.
Причина за поместување на терминот за одигрување на средбата е поради тоа што ракометарите на Еурофарм имаат настап во Челинџ купот.
Моментално на табелата „гладијаторите“ се третопласирани, со 19 бодови.
Натпреварот Охрид-Еурофарм Работник ќе се одигра со почеток во 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива