Охридските ракометари в среда дома го пречекуваат Еурофарм Работник

Охрид, 25. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Наместо викендов, охридските ракометари во среда,29-ти ноември, ќе ги одмерат силите со Еурофарм Работник на домашен терен, во салата „Билјанини извори“.

Причина за поместување на терминот за одигрување на средбата е поради тоа што ракометарите на Еурофарм имаат настап во Челинџ купот.

Моментално на табелата „гладијаторите“ се третопласирани, со идентичен број бодови, 19, со тимот на Пролет.

Натпреварот Охрид-Еурофарм Работник ќе се одигра со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top