Охрид, 31. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид изгубија од Пелистер.
Во вечерашниот дуел, на последниот натпревар во годинашната Супер лига, на домашен терен тие загубија од битолчани со само еден гол. Средбата заврши со резултат 26-27, а на полувреме силите беа изедначени,13-13.
Охридските “гладијатори” оваа сезона во плејофот од Супер лигата ја завршија како третопласирани, зад Вардар и Металург. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива