Охрид/Пловдив, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставничките на стрелачкиот клуб „Охрид“ доминантни на Меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, што изминатиот викенд се одржа во Пловдив, Република Бугарија.
Ова беше премиерен настап за младите јуниорки на електронски мети (освен за Анастасија Мојсовска), технологија која е по Правилата на меѓународната спортска стрелачка федерација и која се применува насекаде во светот, освен во нашата земја.
Конкуренцијата беше силна, учество зедоа натпреварувачи од повеќе клубови од Бугарија (Тракиа, Санел, Пирин, Казанлак), а нашите помлади јуниорки – до 15 години се пласираа на првата и третата позиција, информираат од СК „Охрид“.
Анастасија Мојсовска со 403 круга повторно го освоси првото место, додека Јована Милевска се пласира на третата со резултат од 389,1 кругови, само еден круг заостанување зад второпласираната. Останатите членови од клубот, за кои ова е втор настап на меѓународен натпревар се пласираа на 10- та, 11-та и 14-та позиција, односно 6-та позиција за Бојан Спасеновски во категорија на млади јуниори.
– И покрај ваквите солидни резултати, што се бележат во континуитет, раководните лица од нашата федерација не ги пријавуват нашите стрелци на ниту еден меѓународен натпревар, туку за развојот и унапредувањето на спортската форма на нашите стрелци, мораме ние самите како клуб да ја унапредуваме носејќи ги стрелците на трошок на клубот на вакви меѓународни турнири, информираат од СК „Охрид“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: СК „Охрид“