Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пет ученици од охридската гимназија под менторство на професорот Војо Илоски, учествуваа и постигнаа забележителни резултати на натпреварот „Иновативен камп“, што се одржа во Скопје, во организација на Junior Achievement Macedonia, а со финансиска помош од USAID Macedonia.
На учениците им беше дадена задача да смислат производ или услуга што ќе придонесе да се заштеди електрична енергија на локално ниво. Во развивање на идејата на учениците им помагаа бизнис ментори, кои ги насочуваа според зададениот концепт.
Првото место на натпреварот го освои идејата за изработка на апликација која на купувачите ќе им овозможи при купување на електричните уреди да изберат производ кој троши најмалку енергија. Дел од победничкиот беше ученикот Никола Петрески, второпласиран беше тимот на Марија Цветаноска, а Мартин Врангаловски со неговиот тим беа третопласирани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива