јануари 23, 2017

Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските и струшките спортисти во изминатите неколку дена играа на турнири, кои беа од хуманитарен карактер, со цел собирање средства за помош на младиот охриѓанец Трајан Целески-Тачо.

Фудбалери од клубот „Охрид Топ Тим“, како и млади фудбалери од Струга учествуваа на хуманитарен турнир, организиран на иницијативата на Спортскиот Центар „Климент Колески“ Охрид и ФК „Оск Фер Плеј“. Турнирот „Сите за Тачо“ беше можност младите спортисти да донираат скромни финансиски средства што ќе бидат уплатени на сметката на Трајан Целески Тачо.

– Тачо! Твоето спортско срце нека биде силно и нека победи на најважниот меч во твојот живот. Изминативе дена сите овие млади фудбалери од Охрид и Струга играа и победија за тебе. Веруваме силно дека и ти ќе победиш за себе и за нас, велат од ФК „Охрид Топ Тим“.

Граѓаните и понатаму можат да донираат средства за Тачо, за да може да замине на потребната операција во Италија. Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид Топ Тим

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука