мај 11, 2023

Охрид, 11. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, како еден посебен културен центар кој е со идеална позиција и обдарен од прирoдата со сите културно-историски и културни својства не прави горди, вели Михајло Филев на забавата која се одржа како дел од мајското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“..

– Затоа со пиетет можам да кажам дека сум среќен што сум се родил во Охрид, Македонија и семејството Филеви. Тоа е обврска, но и цел да бидеме подобри од нашите предци и да се трудиме да воспитаме подобри поколенија, кои ќе ја преземат традицијата и да создаваат подобри охридски приказни, додава Филев.

Тој стои зад Охридската бисерна приказна. Магистер е по дипломатски науки, четврта генерација на старата охридска фамилија Филеви, која ја чува тајната за охридскиот бисер. Почесен конзул на Република Србија во Република Македонија. Сопруг, татко, другар човек од охридската чаршија. Со него разговаравме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид.

– Охрид е бајка, љубов, емоција и инспирација. Охрид е завет. Мојот живот во Охрид е награда, мојот занает е обврска за Охрид. Сакам да го зачуваме и да го изградиме, да остане за идните генерации, затоа што Охрид е приказна која треба да ја задржиме и надградиме, за тие да ја продолжат. Време е за нова доза „Охридски приказни“, сега со Михајло Филев. Дружбата е закажана за четврток, 11-ти мај 2023 година, од 19:00 часот. З‘ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука