Охрид, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 31-ви јануари ученици и професори од ОУТУ „Ванчо Питошески“ и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“,во рамки на програмата „Еразмус +“, ќе престојуваат во Шпанија, каде ќе ги реализираат проектите „Me= doctor“ и „5 stars service“.
Двете групи од по четворица професори и 20 ученици беа примени од градоначалникот Јован Стојаноски. За време на престојот во Шпанија тие ќе бидат вклучени во обуки соодветни на нивниот профил во познати хотелски и медицински установи во Мадрид и Барселона.
Градоначалникот Стојаноски на професорите и учениците им посака пријатен престој и изрази уверување дека нивните колеги, домаќини во иднина ќе доаѓаат на работни посети во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид