Охрид, 1. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 01.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 01.02.2017 година
– Денес истекува рокот кој УНЕСКО ѝ го даде на Република Македонија да достави извештај за преземените чекори во врска со потенцијалната опасност за природните и културните добра на Охридскиот регион.
– Започна пријавувањето за новото талент шоу на Супер радио и „Тамаро маркети“ – OHRID SUPERSTAR.
– Две лица со измама му одзеле на охриѓанец 1.000 евра, полицијата трага по сторителите.
– Последен ден за поднесување пријави за ДДВ и Годишни извештаи за даночните обврзници и сметководителите.
– Воведена забрана за лов на диви птици поради ширењето на птичји грип.
– На денешен ден е роден Кузман Шапкарев