Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 10.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 10.02.2017 година
– Пад на издадените одобренија за градба во Охрид.
– Најавен хуманитарен ракометен натпревар за помош на Тачо, кој ќе се одржи викендов.
– Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR најави богати награди за најдобрите таленти во Охрид и Струга.
– Љупчо Стојкоски – Лепи објави ново подводно видео – Охридскиот Крап на зимување.
– Според календарот на ФИНА, годинешниот Охридски пливачки маратон ќе се одржи на 19-ти август.
– Кривична за охриѓанец поради оштета на доверители.