„Охрид во 10“ – 10. јануари 2017

Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


1
Охрид во 10 на 10.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 10.01.2017 година

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег.

– Снежната покривка во Охрид изнесува 11 сантиметри.

– Охриѓани се солидаризираат за помош на семејството од Охрид, чија куќа изгоре во пожар.

– Намалени трошоците на живот, граѓаните минатиот месец помалку трошеле на храна, пијалаци и мебел.

– Фудбалерите на битолски „Пелистер“ на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид ги спроведуваат подготовките за вториот дел од шампионатот на Македонија.

– Последен ден за пријавување за спортист на годината во организација на Сојузот на спортови Охрид.

scroll to top