„Охрид во 10“ – 12. јануари 2017

Охрид, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_7767
Охрид во 10 на 12.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 12.01.2017 година

– Пропадна по втор пат тендерската постапка за реконструкција на охридскиот кеј

– Фестивалот „Охридско Лето“ ги најави концертите на светската атракција од Кина – „Гласот на Јунан“ во Скопје и Охрид.

– Најбројни се туристите од Турција и Грција, додека најмалку туристи кои го посетиле Охрид и Македонија се од Луксембург, Малта и Исланд.

– Управата за јавни приходи ги потсетува фирмите и работодавците на обврската најдоцна до 25 јануари на сите физички лица да им издадат Збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси за 2016 година.

scroll to top