„Охрид во 10“ – 14. јануари 2017

Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_7787
Охрид во 10 на 14.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 14.01.2017 година

– Православните верници го одбележуваат празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики.

– Управата за јавни приходи ја објави првата јавна листа на должници, каде најголем должник за даноци во државата е компанијата „Отекс“ А.Д. Охрид со долг од 10,5 милиони евра.

– Започнува главниот дел од Василичарскиот Карневал „Куратица 2017“.

– Државниот испитен центар  информира дека екстерната проверка на знаењата за учениците од завршните години ќе биде од 30-ти јануари до 3-ти февруари.

– Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“  ја најави петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми, од 17-ти до 19-ти јануари во Охрид.

– Хуманитарна забава во Mr. I  за помош на семејството Садик.

scroll to top