Охрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 15.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 15.02.2017 година
– Отслужена Литургија за празникот Сретение Господово.
– Во Охрид се одржа Тркалезна маса „Секој може и има право да биде вработен“.
– Од Управата за јавни приходи апелираат граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, 15-ти март, за поднесување на Годишна даночна пријава.
– Забележано зголемување на трошоците за живот.
– СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот, кој повреди малолетник при сеча на дрва.