Охрид, 16. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 16. декември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 16.12.2017 година
– 21-ви декември неработен за припадниците на турската заедница во земјава
– Охрид дел од програмата за родова еднаквост на Обединетите нации
– Министерот Алаѓозовски денес во работна посета на Охрид
– Апел до граѓаните да ги заштитат водомерите од мрзнење
– Kривична пријава до поранешната директорка на охридскиот Завод и музеј Паскали-Бунташеска за нанесена финансиска штета на буџетот
– СВР Охрид ќе ги контролира возилата со затемнети стакла, предвидени казни до 300 евра
– Затруени кучиња во Охрид (Фото)
– Алаѓозоски: Ќе се стопира изградбата на Алипашината џамија во Охрид
– Стојаноски: Мини стационари и шинтерска служба за да се реши проблемот со кучињата скитници