„Охрид во 10“ – 17. декември 2017

Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_0229

Охрид во 10 на 17. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 17.12.2017 година

– До 25-ти декември се поднесуваат барања за финансирање на органско производство

– Ќе се собираат средства за изградба на нов стационар

– Конкурсот за доделување општински стипендии за основци и средношколци трае до 20-ти декември

– Заштитата на Охридското Езеро една од темите на заедничката седница на македонската и албанската влада

Зоран Костовски е нов раководител на охридскиот Центар за вработување

СВР Охрид со официјално соопштение: Затруени се четири кучиња

– Куче касна 25-годишна жена од Косел

scroll to top