Охрид, 17. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 17. ноември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 17.11.2017 година
– Младите уметници од „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ ја посетија фабриката во Прилеп (Фото)
– Охрид SOS: Во обид да ја успијат, до смрт предозирале мечка кај Љубаништа
– Филмот „Ефектот на среќа“ се снима на локации во Охрид и Скопје
– Работилница за заштита од болестите на зависност во ОУ „Григор Прличев“
– Од Здружението „Совест“ најавуваат нови детали за градењето на минарето на Али пашината џамија
– Нивото на Охридското Езеро денес е на кота од 693,28 метри надморска височина
– Нови директори добија „Проаква“ и „Градски гробишта“