Охрид, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 17.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 17.02.2017 година
– Нивото на Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум.
– По двата неуспешни обиди за избор на идејно решение, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор го избра архитектонскиот труд на „Радиус Архитекти“ од Скопје за изградба на првата катна гаража во Охрид.
– Промоција на туристичките потенцијали на Охрид на саем во Бугарија.
– Повик за аплицирање за Програма за мали грантови за 2017 година за еко градинките, детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид – членка на националната мрежа на еко градинки.
– Верските објекти во охридско на мета на крадците, ограбена црква во Лескоец.
– Лице од Кичево затекнато со дрога во Охрид.