Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 18.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 18.01.2017 година
– Бројни акции за помош на Тачо, функционираат и пунктовите во чаршијата, вечерва забава во „Хемингвеј“
– Досега пријавени 300 лица за скокање по крстот во Охридското Езеро
– Охридскиот планинар Мишко Танески денес тргна на пат за искачување на највисокиот врв во Јужна Америка
– Нуркачкиот клуб „Амфора“ апелира да се прогласи мораториум, затоа што пастрмката сè помалку ја има
– Охридскиот Црвен крст со препораки до сите луѓе кои утре ќе скокаат по Светиот крст и кои ќе ја следат манифестацијата
– Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизмот Светската награда за хуманизам за 2017 година вечерва ќе му ја додели на големото име на чешката и светската кинематографија – Јиржи Свобода
– Од Охрид SOS обвинија дека се пуштаат лажни соопштенија во нивно име
– Двајца охриѓани претепани од непознати лица
– „Тамаро“ и „Анабела“ со слатка акција за помош на Трајан Целески-Тачо
– Наскоро Почесен конзулат на Унгарија во Охрид