„Охрид во 10“ – 2. ноември 2017

Охрид, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8968

Охрид во 10 на 2. ноември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 02.11.2017 година

– Метео: Сончев ден во Охрид со студено утро и температура до 14. степени

– Работилница во Охрид за „Зајакнување на судската независност и транспарентност

– Бојан Палоски меѓу наградените на конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето

– Фатени две лица, со коњи шверцувале половина тон кафе од Македонија кон Албанија

– Доделени наградите од ликовниот и поетски конкурс на тема „Ја сакам книгата

– И Охридската меѓу болниците кои ќе добијат инкубатор за интензивна нега

– Во Охрид нема евидентирано лица заболени од грип, вакцините се веќе потрошени

Ангелески: Луѓето се најважниот ресурс за Супер радио

scroll to top