Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 02.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 02.02.2017 година
– Денес во Охрид преовладуваше променливо облачно време со максимална температура до 8 степени
– Неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи констатирале државните ревизори по спроведената контрола за 2015 година во Основниот суд во Охрид
– Отворен е повикот за програмата за мобилност Erasmus+ за студентите на Факултетот за туризам и угстителство – Охрид
– На денешен ден почина Елена Каваева, основоположничка на педијатријата во Охрид
– Најавени бројни книжевни настани во охридската библиотека за манифестацијата „Прличеви беседи“ 2017
– Охридските полицајци даруваа крв на крводарителска акција
– Општина Охрид врачи стипендии од по 1.125 денари месечно за талентирани ученици