Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 20. декември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 20.12.2017 година
– Базична обука за детски права за новинари и уредници во Охрид
– Конференција за развој на туризмот во Скопје
– Дебата за поголемо учество на граѓаните во подобрување на квалитетот на животот на локално ниво во Охрид
– Започнува проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“
– До 24-ти декември пријавување по повикот за финансиска поддршка на граѓански организации
– Утре почнува зимата
– СВР Охрид со зголемени контроли за спречување на нелегална продажба на петарди
– Стартуваше проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ (Фото/Видео)