Охрид, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 22. ноември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 22.11.2017 година
– Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ во Охрид
– Туристите во Македонија сакаат да посетуваат цркви, манастири, да спијат во селски куќи и да јадат традиционална храна
– УЗКН: Конзерваторското одобрение за Али-пашина џамија во Охрид не е испочитувано во целост
– „Охридско лето“: Хворостовски ќе остане меѓу најголемите ѕвезди во историјата на фестивалот
– Јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022 во Охрид
– Семос едукација во Охрид, во тек се уписите
– Скопје и Охрид ќе се поврзат со пруга?
– ВМРО-НП од Охрид го поздрави барањето на МПЦ до БПЦ