Охрид, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 23.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 23.02.2017 година
– Притвор и кривична пријава за Јосип Кузмановски од Куманово кој ја уби охриѓанката со нож.
– Свикана шеесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на која ќе се разгледува, меѓу другото, Буџетот на општината.
– Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“, заедно со Црвен крст Охрид и Здружението „Зш Авантура“ го најавија одбележувањето на Денот на ретки болести.
– Продолжен е рокот за микро и малите фирми за прием на годишни сметки и финансиски извештаи, Централниот регистар ќе врши прием во сабота и недела.
– Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, вечерва во Центарот за култура Охрид, повторно ќе се прикаже драмската презентација на историската поема „Дениција“ на Петре М. Андреевски.
– На денешен ден е роден охридскиот писател за деца Борис Бојаџиски.