„Охрид во 10“ – 24. февруари 2017

Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

16804275_430009334013575_8658527142593605793_o
Охрид во 10 на 24.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 24.02.2017 година

– Во Охрид денес преовладуваше сончево време со температура до 14 степени.

– Уште пет дена за пријавување на првото локално Талент шоу за реагионот на Охрид и Струга – Ohrid SUPERSTAR, пријавувањето тече во најдобар ред.

– Охрид се промовира на два саеми – активниот туризам од Охрид, на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ во Скопје и туристичките потенцијали на Охрид на саем за туризам во Белград.

– Охриѓани два дена се дружат со „Винчини“ и тимот на Супер радио во „Тамаро 7 маркетот“.

– Охриѓанката Мартина Мироска се подготвува за натпреварување на  Балканско првенство во сала за сениори во Белград.

– Охридската полиција поднесе кривична пријава  против две лица од охридското село Велгошти  – П.Ш. и И.Б., за бесправна сеча и кражба на огревно дрво.

– Најавен настан „Агрономијада“ кој ќе се одржи од 25-ти до 29-ти април во Охрид.

scroll to top