„Охрид во 10“ – 24. јануари 2017

Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_7881
Охрид во 10 на 24.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 24.01.2017 година

– Во Охрид беше отворен почесен конзулат на Република Унгарија.

– Трајан Целески Тачо се наоѓа во Италија во подготовки за операција.

– Објавена фотографија од Охрид од 1920 година направена од германскиот фотограф Курт Хилшер.

– Поемата „Македонски стар и нов завет“ прогласена за најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“.

scroll to top