Охрид, 26. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 26. октомври 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 26.10.2017 година
– Метео: Во Охрид денес сончево време со температура до 17. степени
– Форум „Соработка помеѓу новата влада и граѓанскиот сектор“ во Охрид
– Жителите од улица „Јане Сандански“ без вода
– Жителите од Горна Влашка маала преку протест ќе бараат отстранување на станица за мобилна телефонија поставена на куќа
– Неданов: Мотивацијата е многу важна и без неа нема добри резултати
– Внимателно ако патувате кон Скопје – Одрон на камења пред Гостивар (Фото/Видео)
– Влашкамаалци на протест против поставување на базна станица за мобилна телефонија на приватна куќа
– Охрид конечно ќе добие јавни тоалети
– Министерството за здравство ќе бара кривична одговорност за смртта на 2 годишното девојче
– Супер радио и OhridPress со апел до новата локална самоуправа да се реши проблемот со кучињата скитници (Фото)