„Охрид во 10“ – 28. октомври 2017

Охрид, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8804

Охрид во 10 на 28. октомври 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 28.10.2017 година

– Метео: Во Охрид денес облачно и ветровито со повремен локален дожд и температура до 12. степени

– Д-р Петар Поповски од Охрид, професор на најдобриот Универзитет за инженерство во Европа

– Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец добитник на Златен медал на УНИКА за документарецот „Страсна недела – Бигорски манастир“ (Видео)

– Почнува зимското сметање на времето

– Изгорени дрвја и трева месец и половина по пожарот во охридската касарна (Фото)

– Ред дожд, ред облаци, ред сонце – Сабота 28-ми октомври во Охрид (Фото)

scroll to top