Охрид, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 28.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 28.01.2017 година
– Нови туристички програми за Охрид, најави во интервју за Супер радио, директорката на Туристичката агенција „Венус Травел“, Драгана Ристевска.
– Ученици од нижите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, вклучени во проектот „My Home“, преку STEM програмата.
– Ден за заштита на лични податоци, последниве години во Охрид имаше неколку претставки за овој вид повреда на личните податоци.
– Вечерва во Охрид настапува „Гласот на Јунан“ од Кина.
– Најавени новитети при субвенционирањето на житните култури.