„Охрид во 10“ – 31. декември 2017

Охрид, 31. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress денес и официјално го завршува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој секој ден Ви нудевме по една дневна фотографија од Охрид, снимена од една иста точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата беше да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сите фотографии и информации ќе бидат објавени и во книга, која ќе биде промовирана наскоро во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1473

Охрид во 10 на 31. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден се објавуваа и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 31.12.2017 година

– РСБСП: Возете внимателно и одговорно, за среќни и весели празници

– Лампиони и стикери со порака за безбедно учество во сообраќајот ќе им се делат на охриѓани и гостите

– Ќе се казнува препродавање и употреба на пиротехнички средства, глобата достигнува и до 500 евра

– Синоќа весело на Градскиот плоштад, започнаа главните настани од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“

– Вечерва СИТЕ ВО ОХРИД, дочек на Нова година со Даниел Кајмакоски

– Поставени јавните тоалети во Охрид

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top