Охрид, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 04.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
инфо: 04.01.2017 година
– Денес времето во Охрид беше променливо облачно со повремен локален дожд и максимална температура до 4. степени.
– Магла и снег на планинскиот превој Стража, препораки за внимателно возење.
– Охрид ЅОЅ ја повика Општина Охрид да ги сопре градежните работи во Лагадин, додека не се разрешат спорните прашања и не се разгледа детално елаборатот за заштита на животната средина.
– Алп Ер Тунга Ерсој е назначен за нов генерален директор на ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – скопскиот Александар Велики и охридскиот Свети Апостол Павле.
– Издадени се подготвителни превентивни мерки кои треба да ги преземат општините во координација со Центарот за управување со кризи поради најавата за врнежи од снег.
– Бранко Цветкоски, проф. д-р Димитар Пандев и Милош Линдро се охридските автори, членови на редакцијата на новото списание за култура „Издаваштво“.